Се чувствувам многу тажно, но сум 100% сигурен дека имаше…

Реал Мадрид вчера претрпе изненадувачки пораз во Ла Лига, откако изгуби со 1-2 против Алавес на „Сантијаго Бернабеу“. Во последните минути од натпреварот, Џуд Белингем доби втор жолт картон за симулација во противничкиот шеснаесетник.
Во реакција објавена сега во неговата лична апликација JB5, англискиот фудбалер призна дека е одговорен за црвениот картон, но инсистираше на една работа: имаше контакт кога влезе во дуелот со одбранбениот играч на Алавес.
„Се чувствувам многу тажно за вчерашниот резултат и мислам дека му ја одземав на тимот реалната можност да се врати во игра во преостанатите минути, бидејќи бев исклучен. Што се однесува до инцидентот, сум 100% сигурен дека имаше контакт на коленото и бутот; според мене, камерата која го сними од задната страна го потврдува ова.
Едноставно сакав да го споделам моето гледиште, без намера да обвинувам некого или да предизвикувам бура. Преземам целосна одговорност што се вклучив во две непотребни ситуации, кои доведоа до добивање црвен картон. И понатаму има многу бодови за освојување во Ла Лига, без оглед на оваа пречка, и сум убеден дека тимот ќе се врати на вистинскиот пат“, изјави Белингам.
Очекувањата се дека англискиот играч за врска ќе биде суспендиран на еден натпревар и ќе го пропушти следниот дуел против Реал Сосиедад.



