SportM
Фудбал

Никој освен CR7 го нема постигнато ова. Рафинха испишува историја по хет-трикот денес

SPORTM.mk29 ное 2026
Никој освен CR7 го нема постигнато ова. Рафинха испишува историја по хет-трикот денес

Барселона забележа победа од 1-5 во гости против Депортиво Ла Коруња, во натпреварот од 14-тото коло во Ла Лига. Главен протагонист на овој дуел беше Рафинха со трите постигнати гола.

Со овој хет-трик, Рафинха е лидер на листата на стрелци во Ла Лига со 18 погодоци во првите 14 кола. Никој не го постигнал овој број голови во оваа фаза од сезоната од времето на Кристијано Роналдо во сезоната 2014/2015, кога постигна 23 гола по првите 14 натпревари.

Од друга страна, и Барселона испишува историја со бројот на головите што ги има постигнато досега. Барселона има постигнато 56 гола по 14 кола. Во историјата на Ла Лига, само Атлетик Билбао, со 64 гола во сезоната 1930-1931, постигнал повеќе во оваа фаза од првенството.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.