Дортмунд не го искористи киксот на Баерн и претрпе пораз од Леверкузен на домашен терен

Борусија Дортмунд е поразена со 1-2 од Леверкузен на „Сигнал Идуна Парк“ во последната средба од 11-тото коло на Бундеслигата. „Жолто-црните“ го постигнаа почетното водство уште во 8-мата минута, кога Феликс Нмеча искористи грешка на одбраната на Леверкузен во нивниот шеснаесетник и постигна прекрасен гол.
Првото полувреме заврши со резултат 1-0 за Борусија Дортмунд. Во второто полувреме следуваше големиот пресврт на Леверкузен. Најпрво, во 69-тата минута, Патрик Шик израмни со глава по центаршутот од Алехандро Гарсија.
Во 80-тата минута, Езекиел Фернандез постигна гол со глава за водство на Леверкузен, повторно по центаршут во шеснаесетникот. Конечниот резултат беше 1-2. По овој прв пораз за сезоната, Дортмунд останува лидер на табелата со 24 бода. Леверкузен се искачи на петтото место со 22 бода.


