SportM
Фудбал

Барселона е главниот фаворит за освојување на Лига Европа

Д М2 окт 2021
Барселона е главниот фаворит за освојување на Лига Европа

Каталонскиот гигант Барселона катастрофално влезе во новата сезона во Лигата на шампионите.

Екипата од Камп Ноу беше поразена од Баерн и Бенфика со по 3:0 и во овие дуели не запишаа ниту еден удар во рамките на голот.

Барселона е закована на дното на табелата, а сега има натпревари против Динамо Киев.

Аналитичката фирма FiveThirtyEight верува дека Барселона ќе испадне од Лигата на шампионите, но ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа.

Според нивната анализа, каталонскиот гигант има девет проценти шанси да победи на ова натпреварување. Зад Барселона по шанси се Наполи, Реал Сосиедад, Баер Леверкузен, Бетис, Вест Хем …

Евентуалната промена на тренерот во наредните денови може да има позитивен ефект врз Барселона и ќе видиме што ќе се случи со Каталонците во наредниот период.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.