Барселона е загрижена за Тер Штеген

Фото: AUGSBURG, GERMANY – MAY 29: Goalkeeper Marc-Andre ter Stegen of Germany reacts during the international friendly match between Germany and Slovakia at WWK-Arena on May 29, 2016 in Augsburg, Germany. (Photo by Alex Grimm/Bongarts/Getty Images)
Првиот голман на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген се уште не тренира со тимот, што предизвика загриженост во клубот.
Голманот пред само неколку дена го напушти таборот на германската репрезентација поради повреда на грбот и поради тоа ги пропушти натпреварите против селекциите на Турција и Австрија.
После тоа се врати во Барселона со цел што побрзо да се опорави и да биде подготвен за клупските натпревари.
Сепак, тој се уште нема одработено никаков тренинг поради болките кои ги чувствува што го вклучи алармот во Каталонија.
Тамошните медиуми шпекулираат дека тој нема да биде во протоколот за мечот против Ваљекано, како и дека шанса ќе добие Ињаки Пења.
Но, тоа е вест која ги загрижува челниците на Барселона бидејќи се работи за стандарден голман и капитен на тимот.



