SportM
Фудбал

Барселона ги менува сите четворица капитени, веќе се знае кого избра Чави!

Д М19 сеп 2022
Барселона ги менува сите четворица капитени, веќе се знае кого избра Чави!

Чави Ернандез не заврши со промените во тимот на Барселона и наводно веќе има план да ги смени сите четворица актуелни капитени во каталонскиот клуб.

Во Барселона во последно време е традиција капитени да се играчи кои пораснале во Барселона или се долго време во клубот, но Чави очигледно не е задоволен од моменталниот список и сака да го промени тоа.

Сезонава Серхио Бускетс е првиот капитен на Барселона и извесно е дека Чави тоа нема да го промени, но шпанските медиуми пренесуваат дека од следното лето ситуацијата ќе биде значително поинаква.

Уште тогаш се очекува Бускетс да си замине од тимот, а по неговите стапки ќе тргнат и останатите играчи кои моментално се на списокот за капитенската лента.

Тоа се Жерар Пике, Жорди Алба и Серхи Роберто, кои не се баш стандардни во Барселона оваа сезона, а се повеќе се шпекулира дека и тие во јануари може да бараат друг клуб.

Исто така, кога ниту еден од четворицата не е во составот, што се случуваше, тогаш капитенската лента оди кај голманот Марк-Андре тер Штеген.

Сепак, каталонски спорт утринава објави дека Чави веќе одлучил кој ќе биде новиот капитен на Барселона и дека направил список од четворица играчи кои следната година ќе ја имаат честа да ја носат капитенската лента на овој клуб.

Наводно прв капитен треба да биде Педри или Роналд Араухо, а покрај нив на списокот на капитени ќе се најдат и Тер Штеген и Роберт Левандовски, иако полскиот напаѓач дури летово пристигна во клубот.

Чави е задоволен што Левандовски покажа дека е вистински лидер и сака да биде на капитенската листа. Една од опциите е дури и Усман Дембеле, кој е многу фаворизиран од Чави, но тешко дека челниците на клубот ќе го одобрат поради се што се случи оваа година со него.

Навивачите го фаворизираат Араухо како прв капитен бидејќи сметаат дека тоа најмногу го заслужил со залагањето на теренот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.