Барселона го испрати Дест во Милан и брзо најде нов десен бек

Сергино Дест ја напушти Барселона и до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Милан.
Чави Ернандез на почетокот на подготовките за оваа сезона му порача на Дест дека нема да смета на него и дека најдобро е Холанѓанецот да си најде нов клуб.
Чави тоа го докажа во првите три кола од Ла Лига бидејќи Дест воопшто не беше на ниту еден натпревар во конкуренција за играње.
Дест во последниот ден од преодниот рок сфати дека е најдобро да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во Милан. Тој утрово замина за Милано на лекарски прегледи, а наскоро се очекува и официјална потврда.
Затоа, јасно е дека Барселона мора да донесе засилување на десната бековска позиција бидејќи Чави повеќе нема на располагање ниту еден класичен десен бек.
Таму обично играа Серхи Роберто, Роналд Араухо и Жил Кунде, за кои тоа не е природна позиција.
Сепак, се чини дека Барселона успеа да го реши тој проблем и се очекува Ектор Белерин до крајот на денот да потпише договор со овој клуб.
#Bellerin close to @FCBarcelona from @Arsenal 🇪🇸 #FCB #AFC @SkySport #SkyCalciomercatoDay
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 1, 2022
Белерин има уште една година од договорот со Арсенал каде што беше потпишан од Артета, а дури и Топџиите се подготвени да го раскинат неговиот договор само за да си замине од Емирати.
Hector Bellerín has agreed personal terms with Barcelona. Contract now ready — deal only depends on Barça decision now as Arsenal are ready to terminate the contract. 🚨🔴 #FCB #DeadlineDay pic.twitter.com/AAsZcXkS1F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2022
Шпанските медиуми пишуваат дека Белерин веќе потпишал раскин на соработката и дека договорил се со Барселона, каде ќе дојде без обештетување и најверојатно ќе потпише тригодишен договор.
Во текот на денот се очекува пристигнувањето на Белерин во Барселона. Познато е дека овој 27-годишник израснал во Ла Масија, но како тинејџер се преселил во академијата на Арсенал.



