Connect with us

Фудбал

Барселона го посрамоти Артур како никогаш досега

Бразилскиот фудбалер Артур Мело се врати во Барселона пред неколку дена по турбулентните настани изминатите недели.

Артур не играше за Барса од најавата за трансфер во Јувентус, па дури и одби да се врати од одмор за да ги започне подготовките за ЛШ. Бразилецот не сака повеќе да игра за Каталонците, и го чека крајот на сезоната за да замине во Јувентус.

Сепак, по заканите дека клубот ќе го тужи, тој се врати во Барселона, а се чини дека каталонскиот клуб едвај чекаше да го посрамоти. Имено, тој не можеше да го следи натпреварот Барселона – Наполи минатата недела, бидејќи му беше забранет влез на стадионот, а вчера претрпе уште поголем удар.

Шпанските медиуми пишуваат дека Артур сакал да дојде на тренинзите на Барселона вчера за да им посака среќа на своите соиграчи кои денес патуваат во Лисабон, но и да се збогува.

loading...

Сепак, тој доживеал шок кога пристигнал во центарот за обука затоа што припадниците на безбедноста не му дозволувале да влезе на терен. Ним им било речено дека на Артур му е забрането да биде во близина на тимот, но и да влегува во клупските простории, па тие практично го возеле дома.

Ова е уште еден показател за тоа колку се лоши односите меѓу Барселона и Артур.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com