Барселона го пронајде наследникот на Суарез за 60 милиони евра

Барселона го пронајде наследникот на Суарез во ПСВ, за околу 60 милиони евра
Барселона бараше уште еден напаѓач за замена на Уругваецот, 33-годишниот Луис Суарез, и на врвот на списокот е Холанѓанецот Дониел Мален.
Мален се очекува да наполни 21 година во јануари и за ПСВ Ајндховен настапува од летото 2018 година, каде на 44 натпревари постигна 20 голови.
Мален има уште поубедлива статистика, ако се осврнеме само на оваа сезона, каде тој има постигнато 10 гола на само 9 натпревари, додека исто така дебитираше за Холандија, каде има одиграно 3 натпревари и постигна гол.
Мален одамна е следен од Арсенал, но влегувањето на Барселона во трката може да ја промени ситуацијата целосно, бидејќи Каталонците се гламурозно име за сите млади.
Покрај тоа, Барса е подготвена за понуда од 60 милиони фунти за преземање на холандскиот напаѓач на „Камп Ноу“, кој потоа ќе го носи товарот да замени име како Луис Суарез.



