SportM
Фудбал

Барселона го сака репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска

Д М9 ное 2022
Барселона го сака репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска

Раководството на Барселона планира на крајот на сезоната да го ангажира фудбалерот на Кристал Палас и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска Вилфрид Заха, пишува шпанскиот весник „Спорт“.

Каталонскиот клуб во нападот ги има Роберто Левандовски, Рафиња, Усман Дембеле, Мемфис Депај, Феран Торес и Анса Фати, но се очекува наскоро да има промени.

Депај би можел да го напушти „Ноу Камп“ на крајот на сезоната, а наместо тоа Заха треба да пристигне без обештетување, бидејќи репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има договор со Кристал Палас до јуни следната година.

„Заха може да игра на сите офанзивни позиции. Барселона сака да го доведе, но условот е да се договорат за платата. „Барселона го следеше во претходните години, но Кристал Палас бараше голема отштета“, пренесува „Спорт“.

Заха оваа сезона за Кристал Палас постигна шест гола на 12 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.