Поврзи се со нас

Фудбал

„Барселона го загуби идентитетот, никогаш немаше храброст да признае дека не беше во право“

Во Барселона не оди според планот веќе подолго време. Сè започна некако да се распаѓа по оној тежок пораз од Баерн (8:2) во Лисабон.

Каталонците очајно ја завршија минатата сезона, Лионел Меси најави заминување за време на бурното лето, но на крајот остана. Потоа, претседателот Жосеп Марија Бартомеу го напушти клубот, а сега, наводно, Барселона се соочува со банкрот.

Со сето тоа, вистинската игра на Барселона недостасува, резултатите не се како што се очекуваше, тренерот Роналд Куман веќе на големо се споменува како поранешен, трансферите не се прават на најдобар начин … Навистина многу проблеми на „Камп Ноу“, сега зборуваше поранешниот играч Дани Алвеш.

“Барселона ја менува својата филозофија и нормално е дека ќе има проблеми. Според мое мислење, тие го загубија својот идентитет и сега минуваат низ тежок процес во својата желба да го вратат. Поразите од Ливерпул и Баерн се болни, но тие се случуваат. Мора да се научи од тоа. Барселона во моментов изгледа како тим што купува и продава и со тоа го губи својот идентитет. Никогаш немале храброст да признаат дека не се во право”, е јасен Алвеш.

Поранешниот каталонски дефанзивец откри и дека ова лето му испратил порака на Меси и му рекол да остане „дома“. Тој тврди дека Меси порано му ја испратил истата порака, но Алвеш тогаш немал избор затоа што клубот сакал да се ослободи од него.

loading...

Facebook