SportM
Фудбал

Барселона и Атлетико Мадрид го комплетираа трансферот на Луис Суарез

Д М23 сеп 2020
Барселона и Атлетико Мадрид го комплетираа трансферот на Луис Суарез

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ја напушти Барселона по шест години.

Суарез остави голема трага во дресот на каталонскиот клуб и имаше договор на уште една година, но Роналд Куман му рече дека не смета повеќе на него. Уругваецот денес се прости од соиграчите и со солзи го напушти тренинг кампот на Барселона.

Истакнатиот новинар Фабрисио Романо објави дека Суарез повеќе не е официјално играч на Барселона бидејќи овој клуб го заврши неговиот трансфер во Атлетико Мадрид

Се очекува во наредните часови Атлетико Мадрид официјално да објави дека Суарез е новиот напаѓач на овој клуб бидејќи пред неколку дена ги договорија сите услови на договорот.

За Атлетико ова сигурно ќе биде големо засилување, додека на навивачите на Барса не им е јасно како можеа бесплатно да пуштат таков играч на својот директен ривал за титулата во Шпанија.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.