Connect with us

Фудбал

Барселона има можност да го донесе Де Лихт, а Јувентус им нуди неверојатен попуст

Шпанските медиуми вчера објавија дека Барселона сака во своите редови да го доведе Матијс де Лихт.

Холанѓанецот беше на чекор од преселба во каталонскиот клуб пред две години кога имаше речиси се договорено, но во последен момент се предомисли и реши да потпише за Јувентус.

Сепак, се чини дека Де Лихт не е премногу задоволен од италијанскиот клуб, за што неодамна зборуваше неговиот агент Мино Раиола.

Деновиве се појавија шпекулации дека Барселона би сакала да го доведе Де Лихт во своите редови, но дека тоа во моментов е невозможна мисија поради финансиската криза во која се наоѓа каталонскиот клуб.

Барселона мора да се ослободи од некои играчи кои се огромно оптоварување на буџетот за плати, па дури тогаш клубот може да размислува за регистрирање на нови засилувања.

Сепак, каталонски спорт наведува дека доаѓањето на Де Лихт не е толку невозможна мисија. Наводно, Јувентус е подготвен значително да ја намали цената бидејќи и клубот од Торино е во финансиски проблеми и секој прилив на пари сега вреди злато.

Цената на Де Лихт летово изнесуваше околу 120 милиони евра, но како што наведува Спорт, Јувентус е подготвен значително да ја намали цената, а Раиола стави до знаење дека може да го „почувствува пулсот“ на Барселона што се однесува до Де Лигто.

Каталонците сакаат прво да ги продадат Кутињо и Умтити за да соберат пари за Де Лихт, а се очекува да го доведат Холанѓанецот за околу 70 милиони евра доколку успеат да ги најдат парите до крајот на јануарскиот преоден рок.

Реклама

Facebook

Реклама