Connect with us

Фудбал

Барселона испраќа понуда за Адејеми: Позната и сумата на пари што ја нуди

Младиот германски напаѓач на Салцбург, Карим Адејеми во јануари би можел да го напушти споменатиот австриски клуб.

Имено, неговите одлични игри не останаа незабележани, па се повеќе европски фудбалски великани сакаат да го видат во своите редови.

Една од нив е Барселона, која според германските медиуми оваа недела ќе испрати официјална понуда вредна 40 милиони евра до австрискиот клуб.

Покрај Барселона, сериозен интерес за неговите услуги покажа и Борусија Дортмунд, која на Салцбург му понуди отштета од 35 милиони евра, додека на Адејеми му беше понуден петгодишен договор според кој би заработувал пет милиони евра годишно.

Иако понудата на Борусија е финансиски послаба од онаа на Барселона, германскиот клуб има поголеми шанси да го доведе бидејќи самиот играч ја претпочита Борусија, која неодамна се етаблира како одлична платформа за развој на млади играчи.

Реклама

Facebook

Реклама