SportM
Фудбал

Барселона ќе се појави против Еспањол во нови дресови (ФОТО)

Д М14 јун 2020
Барселона ќе се појави против Еспањол во нови дресови (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона ќе ги претстават новите дресови на натпреварот против градскиот ривал Еспањол.

Најк веќе подготви нов дрес за каталонскиот гигант. Тие се враќаат со своите карактеристични ленти инспирирани од боите на каталонското знаме, а на теренот дресот ќе биде претставен за прв пат во дуелот со Еспањол.

„Сините“ наскоро ќе испратат официјално писмо до раководството на лигата за претставување на новиот дрес, но нема да има никакви проблеми, па Барса ќе се појави во нови дресови од 7 или 8 јули.

Исто така, раководството на екипата од Камп Ноу ќе побара од УЕФА да игра во новите дресови на натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите (8 август).

Новиот дрес на Барселона ќе излезе во продажба на 3 јули, а треба да се напомене дека гостинската верзија, која ќе биде црна, исто така ќе излезе во продажба истиот ден.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.