SportM
Фудбал

Барселона конечно се ослободи од непосакуваниот фудбалер

Д М1 сеп 2022
Барселона конечно се ослободи од непосакуваниот фудбалер

Барселона летово се раздели со 15 играчи.

Последен од нив, кој им зададе многу мака на Каталонците бидејќи не сакаше да си замине, е Мартин Брејтвејт, 31-годишниот дански напаѓач.

Клупските челници конечно успеаја да го убедат Данецот кој повеќе не го посакуваа ниту навивачите, а клубот излезе со официјално соопштение. Тој повеќе не беше во плановите на тренерот Чави, особено по доаѓањето на Роберт Левандовски.

Во текот на летото, Брејтвејт имаше понуди, главно од Шпанија, каде што играше и за Леганес пред да пристигне во Барселона во февруари 2020 година за 18 милиони евра.

Но, тој одбил да замине бидејќи барал исплата на огромни суми. Тој побара пет милиони евра за две години преостанати од договорот, но и да биде ослободен без трансфер.

За две и пол сезони во клубот одигра 59 натпревари. Сезона 2020/21. беше најконстантен на Брејтвејт, додека во сезоната 2021/22 отсуствуваше подолго време поради повреда на коленото и се појави на само пет натпревари.

На 44 првенствени натпревари постигна пет гола и додаде три асистенции, а постигна и три гола во Лигата на шампионите и два во Купот на кралот, што е вкупно десет гола.

Тој го освои Кралскиот куп во сезоната 2020/21, што е негов единствен трофеј со Барселона.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека Данецот треба да остане во градот Барселона, но да потпише за Еспањол. Ќе видиме дали тоа ќе се случи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.