Барселона може да започне да слави: Конечно, се појави клуб кој го сака Кутињо

Филипе Кутињо летово ќе се врати во Барселона, откако му истече пазајмицата на Баерн.
Кутињо пристигна во каталонскиот клуб како огромно засилување од Ливерпул на почетокот на 2018 година за дури 160 милиони евра, но не успеа да ги исполни очекувањата на „Камп Ноу“.
Барселона го испрати на позајмица во Баерн минатото лето со надеж дека ќе го откупат неговиот договор. Но, Кутињо не блескаше во клубот од Минхен, каде решија да не го купат неговиот договор за 120 милиони евра.
Така, Бразилецот дефинитивно ќе се врати во Барселона ова лето, а каталонскиот клуб сака да се ослободи од него што е можно поскоро. Кутињо се поврзуваше со неколку клубови, особено Челзи и ПСЖ.
Но, Мундо Депортиво денес пишува дека тој дури би можел да заврши во Манчестер Сити. Наводно, Пеп Гвардиола изразил желба Кутињо да дојде во „Етихад“, што би можело да биде одличен исход за Барселона.
На тој начин, „Блауграна“ ќе може брзо да го продаде Кутињо и да заработи најмалку 80 милиони евра за да инвестира во доведување на Лаутаро Мартинез или Нејмар.



