Connect with us

Фудбал

Барселона на нозе: Меси донесе одлука за својата иднина!

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, целата своја кариера ја помина досега во Барселона, но се чини дека тој може да го напушти каталонскиот клуб ова лето.

Меси е незадоволен од резултатите на Барселона во претходните сезони, и не е тајна дека тој не е на добри услови со челниците на клубот. Аргентинецот бара промена на раководството и не е среќен што Роналд Куман е избран за нов тренер затоа што таму го очекуваше Чави.

Со денови е најавувано дека Меси сака да ја напушти Барселона, и дека ќе го стори тоа летово. Тој има договор со Барселона уште една година, но очигледно е дека тој веќе не може да гледа што се случува во каталонскиот гигант.

Сите угледни шпански медиуми објавија пред неколку дена дека Меси размислува за својата иднина и дека донел одлука дали ќе остане или ќе ја напушти Барселона.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Меси донесе одлука и дека ќе ја објави својата одлука многу наскоро, но многумина веруваат дека тој ќе ја напушти Барселона, и дека ова е крај на една ера. Навивачите на Барселона сигурно чекаат со големо нетрпение Меси да објави за неговата иднина и се надеваат дека шпекулациите за заминување не се вистинити.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com