SportM
Фудбал

Барселона не се откажува за „Пајакот“. Откриен е последниот план на Каталонците

SPORTM.mk19 авг 2026
Барселона не се откажува за „Пајакот“. Откриен е последниот план на Каталонците

Откако ги обезбеди Жоао Кансело и Родри, Барселона ќе направи уште еден последен обид за Хулиан Алварез. Планот на Барселона е јасен: ова ќе биде последниот „напад“ за да се обезбеди трансферот на „Пајакот“.

Часовите и два-три наредни дена ќе бидат одлучувачки. Доколку Барселона не успее да го убеди Атлетико Мадрид да го ослободи аргентинскиот напаѓач во текот на оваа недела, тогаш каталонскиот клуб ќе се повлече и ќе разгледа други алтернативи.

Значи, планот на Барселона е да го обезбеди Алварез до недела, кога започнува новата сезона во Ла Лига на гостувањето против Елче. Иако трансферниот пазар се затвора на 1 септември, Барселона решила да го затвори ова прашање во текот на неделата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.