SportM
Фудбал

Барселона обезбеди големо засилување за новата сезона!

Д М4 мар 2021
Барселона обезбеди големо засилување за новата сезона!

Шпанскиот фудбалер Ерик Гарсија одлучи да го напушти Манчестер Сити на крајот на оваа сезона.

20-годишниот дефанзивец има договор до крајот на оваа сезона и ја одби можноста да ја продолжи соработката со „граѓаните“.

Гарсија веќе донесе одлука да го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот и се чини веќе е јасно дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Шпанецот е роден во Барселона, а како тинејџер потпиша за Манчестер Сити, каде најпрво играше за јуниорскиот тим.

Почитуваниот новинар Фабрицио Романо денес објави дека Барселона и Гарсија постигнале договор и дека тој ќе пристигне на Камп Ноу како слободен агент. Тој ќе потпише договор со Барса до летото 2026 година.

Неколку други клубови покажаа интерес за Гарсија, но тој првично реши да замине во Барселона и не се предомисли.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.