SportM
Фудбал

Барселона обезбеди големо засилување за следната година

Д М3 сеп 2021
Барселона обезбеди големо засилување за следната година

Екипата на Барселона наводно ги обезбеди услугите на одличниот шпански репрезентативец Дани Олмо за следната година.

Според Ла Секста, Олмо ќе стане нов играч на Барселона во 2022 година, но се уште не е познато дали ќе дојде во јануари или следното лето.

“Дани Олмо ќе ја засили Барселона во 2022 година. Преговорите се во напредна фаза и играчот прифати големо намалување на платата. Не е познато дали ќе дојде зима или лето. Се зависи од финансиската состојба”, рече Марија Гаридо од Ла Секста.

Дани Олмо е дете на Барселона. Играше за младинските селекции на овој клуб во периодот од 2007 до 2014 година, кога замина во Динамо Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Olmo (@daniolmo7)

Одењето во Хрватска се покажа како вистински потег. Во дресот на Динамо, Олмо експлодираше и отиде во РБ Лајпциг минатата година.

23-годишниот фудбалер и претходно беше поврзуван со Барселона. Сепак, тој одлучи да оди чекор по чекор, но очигледно е дека на крајот сепак може да игра во дресот на каталонскиот великан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.