Фудбал
Барселона одбила 400 милиони евра за Јамал

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, понудил 400 милиони евра отштета за Ламине Јамал (18), но Барселона одбила да ја продаде младата суперѕвезда, пишува шпанскиот портал Fichajes.
Барселона на тој начин ја доби – и одби – највисоката понуда во историјата на фудбалот, затоа што, како што наведуваат, Јамал е проектиран да биде симбол на клубот во следните најмалку десет години.
Јамал пролетва потпиша договор до 2031 година, со фиксна годишна плата од околу 10 милиони евра и бонус за потпис на договорот од 25 милиони, распределен во текот на шест години.
Шпанските медиуми додаваат дека понудата од Ал-Хилал доаѓа во незгоден момент за Барселона, која замина на репрезентативна пауза по два последователни пораза – од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Севилја во Ла Лига.
👀 Al Hilal, Lamine Yamal için Barcelona'ya 400 milyon euroluk teklif yaptı.
📰 (Fichajes) pic.twitter.com/znXLPDaJeP
— TRT Spor (@trtspor) October 13, 2025