SportM
Фудбал

Барселона одбива да го намали откупот за Гризман

Д М14 сеп 2022
Барселона одбива да го намали откупот за Гризман

Барселона и Атлетико Мадрид не успеаја да постигнат договор за продажба на напаѓачот Антоан Гризман.

Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб демантира дека е блиску до договор со Атлетико Мадрид за намалување на откупната клаузула на 31-годишниот Французин од 40 на 25 милиони евра.

Во моментов Атлетико го пушта напаѓачот на натпреварите по 60. минута за да не ја активира откупната клаузула од договорот.

Претходно се дозна дека Барса има намера да го тужи Атлетико. Каталонското раководство смета дека Атлетико Мадрид намерно го ограничува времето на играчот на теренот за да не плаќа бонуси.

Атлетико ќе има обврска да го купи играчот за 40 милиони евра доколку тој помине најмалку 45 минути на теренот во 50 проценти од натпреварите во тековната и следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.