SportM
Фудбал

Барселона одлучи што да прави со Кутињо

Д М30 мај 2020
Барселона одлучи што да прави со Кутињо

Бразилецот Филипе Кутињо повторно е пречкртан во Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Кутињо изминатата година ја мина на позајмица во Баерн кој вложи големи напори да го внесе, но неговиот мандат во Германија не беше целосно успешен и не е чудно што Баварците се откажаа од купувањето на договорот.

Иако во последните денови се појавија гласини дека 27-годишниот напаѓач може да добие нова можност во Барселона, што скапо го чинеше овој клуб во јануари 2018 година, медиумите во Шпанија пренесуваат дека тој сè уште не е во плановите на Сетиен за следната сезона.

Каталонците го известија Кутињо дека не сметаат на неговите услуги, а тие за таа одлука ги известија заинтересираните англиски клубови Тотенхем, Арсенал и Њукасл, кои ќе можат да го добијат само под одредени услови.

Поточно, тој ќе треба да плати девет милиони евра компензација за едногодишен заем и да ја плати платата на Кутињо од 11 милиони евра.

Тотенхем, исто така, наводно е во кандидатура за потписот на Кутињо, но Спарс, за разлика од споменатите клубови, немаат намера да го покријат целиот износ на неговата плата, бидејќи тој тогаш би станал најплатен играч. Тој би имал поголема плата од најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн.

Доаѓањето на Кутињо во јануари 2018 година ја чинеше Барселона неверојатни 145 милиони евра. Тој не успеа да ги оправда тие пари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.