SportM
Фудбал

Барселона остана без најбогатиот играч

Д М12 сеп 2021
Барселона остана без најбогатиот играч

Лошите вести пристигнаа за Барселона чиј натпревар од 3. коло во Примера против Севиља е одложен за друг термин, кој ќе се утврди подоцна.

Роналд Комеан нема да може да смета на Мартин Брајтвајт во следните три до четири месеци, покажаа прегледите спроведени во неделата.

Конечната одлука за третманот ќе биде донесена во понеделник, но не е исклучена можноста данскиот репрезентативец да се оперира.

Брајтвајт има сериозни проблеми со коленото. Во Барселона одбија да дадат повеќе детали освен дека напаѓачот има лекарски прегледи.

30-годишниот фудбалер се повреди на првенствениот натпревар против Хетафе и не одговори на повиците на репрезентацијата за да биде подготвен за Лигата на шампионите, сепак се покажа дека ќе има подолга пауза.

Претходно беа повредени Дембеле, Серхио Агуеро и Ансу Фати. Вториот е многу блиску до враќање на теренот, но сигурно нема да игра против Баерн во вторник.

Инаку, Брајтвајт во моментов е најбогатиот фудбалер во соблекувалната на Барселона благодарение на успешниот семеен бизнис со недвижности. Неговото богатство се проценува на 250 милиони евра.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.