SportM
Фудбал

Барселона останува без Алба

Д М5 јан 2019
Барселона останува без Алба

Како што стојат работите деновите на Жорди Алба во Барселона веќе се одброени.

Лидерите на клубот преговараат со левиот бек околу продолжувањето на договорот со денови, но како што стојат работите, преговорите одат исклучително тешко, бидејќи фудбалерот бара многу поголема плата од онаа што му е понудена.

Договорот што Алба го има со Барселона истекува во јуни 2020 година и ако не го потпише новиот договор, тој ќе биде на трансфер листата, за клубот да може да заработи од неговиот трансфери.

Манчестер Сити и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата, кои со задоволство сакад да го видат дефанзивецот во своите редови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.