SportM
Фудбал

Барселона планира трансфер на Рудигер

Д М17 ное 2020
Барселона планира трансфер на Рудигер

Барселона сака да го позајми централниот бек на Челзи, Антонио Рудигер, во случај да не успеат да го трансферираат Ерик Гарсија.

Барселона сакаат да го вратат поранешниот играч на академијата во тимот, откако Шпанецот, Гарсија, одби да го продолжи договорот со клубот од Манчестер Сити.

Но, тренерот Пеп Гвардиола инсистира да го задржи централниот бек до крајот на сезоната.

Рудигер оваа сезона настапи само на два натпревари во Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата се уште нема одиграно ниту една минута, а Барса бара да го позајми Германецот до летото.

Овој 27-годишник не се гледа во плановите на тренерот Френк Лампард, и би можел да го ослободи играчот да се приклучи на шпанскиот гигант.

Жерард Пике и Климент Ленглет се првите опции на холандскиот тренер Роналд Куман, но поради повредата на Самуел Умтити нема многу решенија за одбрана и Рудигер би можел да биде алтернатива за каталонците.

Барселона има големи финансиски проблеми и не може да направи големи трошоци во јануарскиот преоден рок, додека е сè уште без официјален претседател.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.