SportM
Фудбал

Барселона подготви отказ за Роналд Куман

Д М21 сеп 2021
Барселона подготви отказ за Роналд Куман

Наводно Роналд Куман (58) ќе добие отказ од клупата на Барселона.

По уште една слаба игра на тимот на натпреварот против Гранада (1:1), управата на клубот наводно одлучила да го отпушти холандскиот стручњак.

Куман ќе биде отпуштен штом клубот го договори доаѓањето на нов тренер. Одлуката е веќе донесена и се чека само официјална потврда, која би можела да дојде во наредните денови.

Неколку звучни имиња се поврзани со Барселона. Меѓу нив се Андреа Пирло, Филип Коку, Антонио Конте, Чави, Јоаким Лоу…

Угледниот новинар Морено тврди дека најголем кандидат за клупата на Барселона е поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, кој во моментов е без работа.

Роналд Куман ја презеде Барселона во август минатата година од Кике Сетиен и го предводеше клубот на вкупно 59 натпревари.

Холанѓанецот со водечкиот каталонски гигант, постигна 36 победи, ремизираше 11 натпревари и забележа 12 порази.

Со Барселона, Куман минатата сезона го освои Купот на кралот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.