Connect with us

Фудбал

Барселона постави цена за Меси што никој не може да ја плати

Лионел Меси целата кариера ја помина досега во Барселона, но се чини дека ова лето можеш да ги шокира сите и да го смени дресот.

Аргентинецот е разочаран од натпреварите на Барселона во последните сезони, но најмногу од потезите на челниците на клубот. Меси сака нешто да се смени во клубот, односно сака претседателот Бартомеу да си даде оставка.

Но, откако Бартомеу одби да го стори тоа, се зголемуваат шпекулациите дека Меси ќе ја напушти Барселона. Тој има договор до летото 2021 година и веќе ја одби неколку пати можноста да ја продолжи соработката.

Меси покажа незадоволство од начинот на кој се води Барселона, и повеќе не сака да биде дел од тоа. Постои шанса тој да ја напушти Барса ова лето, но клубот ќе направи се за да не се случи тоа.

loading...

„Мундо Депортиво“ утрово објави дека Барселона решила да не му направи проблем на Меси ако сака да си замине, тие му ставија до знаење дека тоа може да се случи само доколку некој ја плати откупната клаузула.

Навистина е речиси невозможно да се очекува тоа да се случи, бидејќи неговата откупна клаузула е 650 милиони евра. Новиот тренер Роналд Куман сака да го задржи Меси во тимот, но ситуацијата не е најдобра сега.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com