Барселона постигна договор со фантастичниот Бразилец

Екипата на Барселона постигна договор за соработка со одличниот бразилски фудбалер Рафињо од Лидс Јунајтед.
Каталонскиот гигант веќе подолго време е во преговори со 25-годишниот офанзивец. Дополнителна придобивка е што неговиот агент е поранешен играч на Барса, Деко и наводно е постигнат договор за потпишување.
Шпанските медиуми тврдат дека Рафиња се согласил да соработува со Барса на пет години, но дека се уште треба да се постигне договор со Лидс околу исплата на обештетувањето.
Весникот Спорт тврди дека англискиот великан е заинтересиран за играчот на Барса, Оскар Мингез, па нема да биде изненадување доколку овој дефанзивец биде дел од трансфер пакетот за Бразилецот.
Рафиња е член на Лидс Јунајтед од 2020 година. За оваа екипа настапи на 59 натпревари, постигна 15 гола, а се избори и за статус во репрезентацијата на Бразил.
Претходно 25-годишниот фудбалер играше за Рен во Франција, а за португалските клубови Спортинг и Виторија Гимараеш. Кариерата ја започна во Аваја.



