Барселона потврди нов трансфер
Д М10 јул 2021

Барселона е исклучително активна на фудбалскиот пазар.
Каталонскиот клуб утрово потврди нов трансфер за излез. Ноу Камп го напушти Карлос Алена кој кариерата ја продолжува во Гетафе.
Претходната половина од сезоната 23-годишникот ја помина во Гетафе, а мадридскиот клуб реши да го задржи во своите редови.
Барселона го задржа правото на 50% од идната продажба на играчот, правото на прво одбивање и правото да одбие каква било друга понуда.
LATEST NEWS | Agreement with Getafe for the transfer of Carles Aleñá
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 10, 2021
Алена го носеше дресот на Барселона 43 пати со три постигнати гола. Дебитираше во сезоната 2016/17. Со Барселона го освои шпанскиот шампионат и два Копа дел Реј.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



