SportM
Фудбал

Барселона сака двајца играчи на Челзи, но ќе ги доведе само под еден услов

Д М9 јул 2022
Барселона сака двајца играчи на Челзи, но ќе ги доведе само под еден услов

Пред следната сезона Барселона прави своевидна револуција. Клубот се уште се бори да го доведе Роберт Левандовски од Баерн Минхен, а во меѓувреме работи на уште трансфери.

 

Сега е познато дека Каталонците се блиску до две засилувања во одбранбената линија. Станува збор за двајца играчи на Челзи.

Еден од нив е Цезар Аспиликуета, кој за лондонскиот клуб настапува од 2012 година. Договорот му истекуваше на крајот на јуни, но автоматски беше продолжен за уште една сезона.

Барселона би можела да го добие на слободен трансфер. Според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, каталонскиот клуб сака трансферот да биде завршен што е можно поскоро. Клубот требаше да му понуди на играчот двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Блауграните исто така имаат за цел да го доведат неговиот колега од Челзи, Маркос Алонсо. Вториот Шпанец игра за Челзи од 2016 година и е под договор до 30 јуни 2023 година.

Во овој случај, Каталонците би требало да платат неколку милиони евра за шпанскиот дефанзивец. Неговата моментална пазарна вредност е 12 милиони евра. Двајцата играчи не ја кријат желбата да играат за Барселона.

Двата клуба сега се во прелиминарни преговори и Челзи треба да го прифати заминувањето на своите играчи.

Сепак, „сините“ од Лондон истакнуваат дека овие трансфери ќе бидат можни под еден услов – прво да најдат достојни замени за овие двајца фудбалери, па дури потоа да ги пуштат во Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.