SportM
Фудбал

Барселона со голема победа против Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

SPORTM.mk9 ное 2026
Барселона со голема победа против Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Последниот натпревар од 12-тото коло во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона заврши со 1-2 во корист на Каталонците, кои сега освојуваат драгоцени три бода против директен ривал за титулата.

Натпреварот на „Метрополитано“ беше отворен уште во 9-тата минута, кога по брз контра напад и совршена комбинација меѓу Пабло Бариос и Хулијан Алварез, вториот асистираше за Џулиано Симеоне, кој го испрати топката во мрежата.

Во 26-тата минута, Алварез имаше одлична шанса да го зголеми резултатот, но Жоан Гарсија направи одлучувачка одбрана во завршницата.

Во 45-тата минута, Барселона израмни, кога Фермин Лопес постигна погодок со удар во шеснаесетникот. Првото полувреме на „Метрополитано“ заврши со 1-1.

Во 67-та минута, следуваше брз напад на Барселона во зоната на Атлетико. Ламин Јамал асистираше маестрално, а Фермин Лопес повторно го совлада Јан Облак.

Резултатот не се промени до крајот. Барселона ја прекина серијата победи на Атлетико од шест натпревари и победи со 1-2. Каталонците ја предводат табелата со 33 бодови. На второ место следи Реал Мадрид со 30 бодови, додека Атлетико Мадрид останува на трето место со 28 бодови.

Погледнете ги головите

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.