SportM
Фудбал

Хенес открива за иднината на Компани: Еве кога ќе се врати на клупата на Баерн

SPORTM.mk9 ное 2026
Хенес открива за иднината на Компани: Еве кога ќе се врати на клупата на Баерн

Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн Минхен, зборуваше за здравствената состојба на тренерот Винсент Компани, кој отсуствува повеќе од две недели поради здравствен проблем поврзан со менингитис.

“Многу сме загрижени, иако не верувам дека е нешто премногу сериозно. Мислам дека се започна како тешка форма на грип, која подоцна се претвори во менингитис. Тоа е состојба што може да се лекува“, рече Хенес.

Почесниот претседател исто така го истакна големото оптеретување на белгискиот тренер: “Тој е под голем стрес. Работи дванаесет часа на ден, шест дена во неделата.”

На крајот, Хенес даде и предвидување за враќањето на Компани на клупата на баварците: “По паузата за меѓународните натпревари, по две или три недели одмор, тој ќе се врати на клупата.”

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.