Барселона со јасна порака за Феран Торес
SPORTM.mk5 авг 2026

„Во моментот имам договор со Барселона, но искрено, во фудбалот никој не знае што може да се случи“, изјави вчера Феран Торес, изјава која ги раздразнила раководителите на Барселона.
Според Мундо Депортиво, раководството на Барселона денеска испратило јасна порака до шпанскиот напаѓач, барајќи од него да остане, но според нивните услови, или да ја донесе понудата од ПСЖ.
До сега постојано се говори дека ПСЖ оддамна постигнал договор со напаѓачот за личните услови, но францускиот клуб сè уште нема испратено официјална понуда до Барселона. Каталонскиот клуб бара 55 милиони евра за да го ослободи херојот на финалето на Светското првенство.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



