SportM
Фудбал

Барселона вечерва игра за првиот трофеј во сезоната: Роналд Куман веќе ја знае почетната постава!

Д М17 апр 2021
Барселона вечерва игра за првиот трофеј во сезоната: Роналд Куман веќе ја знае почетната постава!

Барселона и Атлетик Билбао играат вечерва во Севилја големото финале на Купот на кралот.

Каталонскиот клуб нема најдобра сезона, но вечерва ќе има можност да стигне до трофејот во Купот на кралот. Но, јасно е дека Билбао нема да се предаде така лесно и ќе се обиде да ги збуни сметките на Барселона, како што тоа го правеа многупати во минатото.

Натпреварот помеѓу Барселона и Билбао се игра вечерва во 21:30 часот, а шпанските медиуми веќе шпекулираат за тоа како ќе изгледаат екипите на овие екипи.

Веројатно составот на Барселона : Тер Штеген, Мингуеза, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Дембеле, Меси, Гризман.

Веројатно составот на Атлетик Билбао : Унаи Симон, Де Маркос, Јерај, Мартинез, Јуриј, Дани Гарсија, Весга, Беренгер, Муниаин, Раул Гарсија, Вилијамс.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.