SportM
Фудбал

Барселона влезе во трката за Вернер

Д М21 јан 2020
Барселона влезе во трката за Вернер

Барселона е подготвена да му испрати понуда на РБ Лајпциг за напаѓачот Тимо Вернер, кого го гледа како замена за повредениот Луис Суарез.

23-годишниот Тимо Вернер потпиша нов договор со сегашниот лидер на Бундеслигата во август 2019 година и има договор во Лајпциг до 2023 година.

Минатата година, спортскиот директор на Лајпциг, Маркус Кроше изјави дека Вернер нема да го напушти клубот во блиска иднина, и покрај интересот на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

„Тимо штотуку го обнови својот договор со нас и немаме намера да го пуштиме да си замине“, изјави Кроше за „Билд“ во ноември 2019 година.

Сепак, каталонскиот клуб не сака да се откаже од обидот за трансфер на играчот, бидејќи сега му треба центаршут кој може да го замени Луис Суарез, кој ќе паузира неколку месеци.

23-годишниот Вернер сега изедначен со Роберт Левандовски на врвот на листата на најдобри стрелци во Бундес лигата со 20 погодоци на 18 настапи досега.

Неговите добри настапи го привлекоа внимието на Барселона, но повторно го разбуди интересот на Ливерпул и на Челзи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.