Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона во неволја: Ѕвездата го напушта клубот како слободен агент

Барселона е во големи проблеми бидејќи се сомневаат дека една од главните sвезди во тимот сака да си замине како слободен агент.

Станува збор за Усман Дембеле, кој одби да го продолжи договорот, а во Барселона се сомневаат дека ќе почека да истече договорот и да замине како слободен агент.

Договорот на фудбалерот со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, но тој веќе ги отфрли сите можности за продолжување.

Сепак, има уште многу време да се предомисли и токму тоа ќе се обиде да го стори администрацијата на Барселона.

Останува да се види дали ќе успеат или Дембеле ќе ја продолжи кариерата во друг клуб, а како главен кандидат се споменува Манчестер Јунајтед.

loading...

Facebook