SportM
Фудбал

Барселона за прв пат пред Реал на престижната листа

Д М13 апр 2021
Барселона за прв пат пред Реал на престижната листа

Според новата листа на престижниот магазин „Форбс“, Барселона е пред Реал Мадрид кога станува збор за највредниот клуб во светот.

Ова е прв пат Барселона да се најде пред Реал, а вредноста на клубот од Каталонија се проценува на 4,76 милијарди долари, додека вредноста на Реал на 4,75 милијарди.

Во последните 16 години, само два клуба се менуваа на врвот. Реал беше пет пати во врвот, а Манчестер Јунајтед 11 пати.

Зголемувањето на вредноста на големите клубови се случи и покрај падот на приходите за време на пандемијата.

Баерн е трет на списокот со 4,22 милијарди долари, следен од Манчестер Јунајтед со 4,2 милијарди, потоа Ливерпул со 4,1 милијарди, Манчестер Сити со 4 милијарди, Челзи со 3,2 милијарди …

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.