Поврзи се со нас

Фудбал

Бартомеу е бивш, кој ќе седне на жешкото столче на претседателот на Барселона?

Жосеп Бартомеу скоро сигурно ќе биде сменет од функцијата претседател на Барселона во наредните денови.

Денес официјално беше потврдено дека се собрани доволен број потписи за гласање недоверба на Бартомеу и неговите соработници.

Беа собрани повеќе од 20.000 гласови и беше утврдено дека има над 16.250 потписи, што е доволно за да се продолжи процесот на изгласување недоверба.

Шпанските медиуми пишуваат дека всушност Бартомеу е веќе бивш и тие наведуваат дека тој навистина би можел да поднесе оставка со цел да се запре гласањето за недоверба.

За потсетување, навивачите на Барселона сметаат дека Бартомеу е главниот виновник за ситуацијата во клубот, поради што и Лионел Меси побара да си замине. За време на неговиот мандат, клубот потроши многу пари на засилувања, кои честопати беа целосни неуспеси, а исто така негодуваат што славната „Ла Масија“ беше запоставена.

Advertisement

Facebook

Реклама