Бартомеу: Меси во Барселона најмалку уште 5 години

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу инсистираше на тоа дека Лионел Меси ќе остане дел од каталонскиот клуб најмалку уште пет години.
Аргентинската супер ѕвезда има договор со Барса до 2021 година.
Иако Барса се подготвува за живот по Меси, Бартомеу изјави дека тој ке остане уште мајмалку пет години на „Камп Ноу“.
„Секако, тоа ќе биде желба на сите страни ако Меси се чувствува силен и амбициозен да го продолжи договорот на неодредено време“, рече Бартомеу.
„На крајот, останува на него да одлучи. Тој го заслужува правото да одлучи кога ќе стави крај на играта на фудбалот. Но, како што самиот рече, тој сака да ја заврши кариерата како фудбалер во Барселона“, додаде тој.
„Лео Меси ќе продолжи да биде наш лидер во наредните две или три сезони. Нема сомнение дека тој е сè уште млад и силен. Сè уште има амбиции. Меси ќе игра за нас во следните две, три, четири или пет сезони. Не се сомневам во тоа“, рече тој.



