Connect with us

Фудбал

Бартомеу подготвува нов „удар“ за Меси

Барселона се подготвува за старт на новата сезона. Својот прв официјален меч ќе го одигра на 27-ми септември против Виљареал. Капитенската лента повторно ќе ја носи Лионел Меси, иако цело лето не се знаеше дали ќе остане или ќе замине.

Сепак, каталонските медиуми јавуваат дека претседателот на клубот Жозеп Бартомеу подготвува нов „удар“ за Аргентинецот. Имено, Барселона на челниците на шпанската лига пријавила губитоци од 98 милиони евра поради коронакризата. Планот е дел од овие пари да бидат покриени со продажбата на Артур на Јувентус, потоа со заминувањето на Видал и Суарез. Сепак, информациите велат дека останува голема „дупка“, па Бартомеу ќе има состанок со Меси на кој планира да побара од него да се согласи со намалување на годишната плата односно примањата. Меси во моментов има 38 милиони евра годишно, што секако во ваква ситуација поради коронавирусот е голем товар за буџетот на каталонскиот тим. Дали „Волшебникот“ ќе прифати или не останува да се види.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com