SportM
Фудбал

Бастијан Швајнштајгер најави крај

Д М8 окт 2019
Бастијан Швајнштајгер најави крај

Поранешниот играч на германската репрезентација Бастијан Швајнштајгер најави дека на крајот на сезоната ќе замине во пензија.

32-годишниот играч помина најголем дел од својата кариера во Баерн, кратко во Манчестер Јунајтед, а од 2017 година стана член на „Чикаго Фаер“.

После 20-годишна кариера, Швајнштајгер денес им порача на фановите дека на крајот од сезоната ќе се пензионира од активен фудбал и се соочува со други предизвици во неговиот живот, како и неговото семејство, формирано со српската тенисерка Ана Ивановиќ.

„Драги навивачи, дојде време да ја прекинам мојата кариера на крајот на сезоната. Им благодарам на моите екипи Манчестер, Баерн, Чикаго и секако, Германија. Секако, и благодарам на мојата сопруга Ана Ивановиќ за нејзината голема поддршка. Малку ми меланхолија фактот дека го напуштам фудбалот, но едвај чекам нови работи. Ќе останам лојален на фудбалот. Благодарам за сè, ваш Басти“, напиша Германецот на Инстаграм.

Тој има освоено бројни трофеи со Баер – дури осум титули во Бундеслигата, седум германски купови, Лигакуп, Лига на шампиони, а со Јунајтед го освои ФА Купот, додека со Германија во 2014 година беше светски шампион.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.