Connect with us

Фудбал

Баварците нудат нов договор: Нојер ќе брани за Баерн до 40 години

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен започнал преговори со Мануел Нојер за потпишување на нов договор до 2025 година.

Познато е дека голманите се како вино. Ова го потврдува и Мануел Нојер. Тој е незаменлив за голот на Баерн и германската репрезентација, иако во март ќе влезе во 37. година од животот.

Баерн е презадоволен од неговиот настап и сака да ја продолжи соработката, иако минатата година двете страни потпишаа нов договор до 2023 година.

Германските медиуми пренесуваат дека договорот ќе биде продолжен за уште две години, до летото 2025 година. Дотогаш Мануел ќе наполни 40 години.

Нојер дојде во Баерн во 2011 година од Шалке и ова е негова единаесетта сезона како стандарден голман за Баварците со исклучок на 2017-18 кога ја пропушти речиси цела сезона поради повреда.

За Баерн одбранил вкупно 451 натпревар, 293 во Бундеслигата.

Го чуваше голот на германската репрезентација од 2009 година и досега бранеше на 108 натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама