SportM
Фудбал

Бејл не беше на прославата на титулата на Реал: Разочаран сум!

Д М1 мај 2022
Бејл не беше на прославата на титулата на Реал: Разочаран сум!

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа по 35-ти пат станаа шампиони на Шпанија.

Реал на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Еспањол со 4-0 и на тој начин ја обезбеди титулата на четири кола пред крајот, а по крајот на мечот можеше да започне големо славје.

Во Мадрид беше весело, играчите и навивачите славеа, но сите се прашуваа каде е Герет Бејл? Велшанецот не беше на стадионот…

Многумина веруваат дека Бејл намерно не сакал да дојде на Бернабеу бидејќи е јасно дека целиот стадион сигурно ќе го исвирка како што тоа беше случај во текот на оваа сезона.

Затоа Велшанецот реши воопшто да не дојде на прославата на титулата, а кралскиот клуб поради тоа не се огласи, ниту пак досега даде објаснување зошто еден од најплатените играчи во клубот не се појави на Бернабеу.

Сепак, Бејл се огласи:

“Толку сум разочаран што не можам да бидам дел од прославата вечерва поради грчеви во грбот, но навистина сум горд на тимот кој ја освои титулата! Уживајте вечерва момци, да живее Мадрид”, напиша Бејл на Твитер.

Се верува дека Бејл на лето ќе си замине од Реал како слободен играч, а за тоа на големо се пишува веќе подолго време. Тој би можел да продолжи кариера во МЛС.

Велшанецот во последните години освои апсолутно се со Реал. Тој самиот постигна многу важни голови, но поради опуштениот однос кон клубот стана непријател на навивачите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.