SportM
Фудбал

Бејл: Се навикнав на свирежите од навивачите на Реал Мадрид, но со тек на време и тоа ќе помине

Д М4 дек 2019
Бејл: Се навикнав на свирежите од навивачите на Реал Мадрид, но со тек на време и тоа ќе помине

Герет Бејл се најде на голем удар пред навивачите на Реал Мадрид, откако беше фотографиран со знаме на кое пишуваше „Велс, голф, Реал Мадрид. По тој редослед“.

На навивачите на кралскиот клуб им пречи многу што Бејл се однесува вака кон клубот во кој играше со години. После враќањето од Велс, Бејл беше пречекан со свиреж и навреди од трибините и тие побараа од клубот да го продаде во јануари.

Бејл веќе неколку месеци се наоѓаше на излезната врата, а ова лето беше оддалечен дури и еден чекор од одењето во Кина. Но, Зинедин Зидан реши Велшанецот да остане во клубот и се чини дека направил грешка.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе се обиде да го продаде Бејл во јануари, но се свесни дека тоа нема да биде лесно. Од друга страна, Бејл даде изјава за „БТ Спорт“ за сè што се случува и призна дека е шокиран од однесувањето на навивачите на Реал.

 
„Првиот пат кога бев пречекан со свирежи, бев шокиран. Не знаев како да се справам со тоа, но сега како што стареам, знам како да постапам. Ми свиреа и во минатото и ми беше многу потешко, но сега воопшто не ми пречи“, рече Бејл, додавајќи.

„Мене ми е да продолжам да го носам дресот на Реал Мадрид и тоа никогаш нема да се промени. Свирежите ќе престанат со текот на времето и во некоја фаза од кариерата нормално е да се случива тоа“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.