Белингем: Добив и бустер, вакцинирајте се
Д М20 дек 2021

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингам ги советува своите колеги да се вакцинираат против корона вирусот.
Младиот, 18-годишен Англичанец игра во Германија, каде 94 отсто од фудбалерите се ревакцинирани.
„Ние фудбалерите во општеството имаме простор да зборуваме јавно. Примив и бустер вакцина, сигурно. Не сакам ништо да пренесам на моето семејство, ниту пак сакам да пропуштам натпревари“, рече Белингам, додавајќи:
„Не е мое да им кажам на сите дека треба да се вакцинираат, тоа е личен избор. Сепак, сакам сите да бидеме безбедни, затоа би ги советувал моите колеги да се вакцинираат“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



