SportM
Фудбал

Белингем има шанса да испише историја

Д М17 дек 2023
Белингем има шанса да испише историја

Фото: BERLIN, GERMANY – DECEMBER 12: Jude Bellingham of Real Madrid reacts during the UEFA Champions League match between 1. FC Union Berlin and Real Madrid CF at Olympiastadion on December 12, 2023 in Berlin, Germany. (Photo by Maja Hitij/Getty Images)

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем игра феноменално оваа сезона, а неговиот голгетерски учинок е особено импресивен. Уште не е ни Нова година, а Британецот има постигнато вкупно 16 гола во сите натпреварувања – од нив 12 во Ла Лига.

Тој е на врвот на листата на стрелци, а го следат Борха Мајорал со 10 и Антоан Гризман со 9 гола.

Доколку го освои „Пичичи“, наградата наменета за најдобар стрелец на сезоната во Примера, ќе биде огромен успех – од повеќе причини. Ниту еден играч на Реал го нема направено ова во дебитантската сезона во „кралскиот клуб“ од Руд ван Нистелрој во сезоната 2006/2007.

Интересно е што ниту еден играч од средниот ред не е лауреат на „Пициќи“ од сезоната 1969/1970 година. кога Луис Арагонес, тогаш ѕвездата на Атлетико Мадрид, направи таков подвиг.

Белингем има можност да направи чекор напред во оваа трка со историја уште во недела, кога тимот на Карло Анчелоти ќе ги одмери силите со Виљареал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.