SportM
Фудбал

Белингем ја „замрзна“ Барселона, но и сонародниците од Стоунс кои ја слушаа „Еј Џуд“!

Д М28 окт 2023
Белингем ја „замрзна“ Барселона, но и сонародниците од Стоунс кои ја слушаа „Еј Џуд“!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 2:1 на Монжуик, во „Ел Класико“ што се одигра во рамките на 11. коло од шпанската Ла Лига.

Натпреварот во Барселона беше шокантен, домаќинот беше подобриот тим, навреме поведоа во шестата минута преку Гундоган, но во финишот се појави неверојатниот Џуд Белингем, веројатно најдобриот играч на светот во овој момент и направи голем пресврт со два гола.

Младиот Англичанец на овој начин ги растажи своите сонародници, членови на познатата група Ролинг Стоунс, кои од трибините ги поддржаа Каталонците.

Имено, познато е дека Стоунс неодамна потпишаа посебен договор со Барселона, а не очекуваат заеднички акции на овој клуб и познатата група од Ливерпул.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.