SportM
Тајм аут

Белингем се појави на натпревар на Реал Мадрид со својата нова девојка 6 години постара од него (ВИДЕО)

Редакција24 фев 2025
Белингем се појави на натпревар на Реал Мадрид со својата нова девојка 6 години постара од него (ВИДЕО)

Брилијантниот играч за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингем (21) го пропушти вчерашниот натпревар на Кралскиот тим поради суспензијата што му беше изречена по црвениот картон во претходното коло, но привлече големо внимание и на трибините.

Имено, Белингем од трибината го следеше натпреварот Реал Мадрид-Жирона, а за прв пат беше во друштво на својата нова девојка Ешлин Кастро, инфлуенсерка и модел на Инстаграм шест години постара од него. Странските медиуми веќе неколку месеци пишуваат за врската на Белингем со 27-годишната инфлуенсерка, а нивното заедничко појавување на трибините на стадионот Бернабеу ги потврди тие шпекулации.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.